Ова е последен Мундијал со извлекување групи: Следува револуција

Почнувајќи од следното Светско првенство на ФИФА, кое ќе се одржи во Мексико, САД и Канада во 2026 година, ФИФА планира да воведе пенали во случај натпреварите во групата да завршат нерешено. Ова го открива доверливиот британски The Athletic. Победникот од пенал серијата ќе добие бонус.

Дури има и варијанта пенали да се изведуваат пред почетокот на секој натпревар во групата, за да нема потенцијален договор меѓу репрезентациите, бидејќи може да биде ситуација одреден резултат да оди во корист на двете селекции, со што ќе се елиминира трета репрезентација во групата“, пишува The Athletic.

На следното СП првпат ќе играат дури 48 репрезентации, што е зголемување за 50 проценти во однос на досегашниот број на учесници. За четири години репрезентациите ќе бидат поделени во 16 групи со по три селекции. Двајцата првопласирани од секоја група ќе одат во нокаут фазата. Марко ван Бастен, познатиот голгетер и директор за технички развој на ФИФА, се залага за воведување на ваква пенал серија за полесно да се одлучува за конечниот пласман во групите.

URL

Причина се групите со по три репрезентации

„Пеналите навистина може да бидат опција за турнири со групи од три екипи каде што играте против двајца противници. Затоа што постои голем ризик сите три тима да завршат изедначени по бодови и голови“, изјави Ван Бастен за германски Bild.

Од The Athletic истакнуваат дека е можно ФИФА да го промени системот на натпреварување на Светското првенство во 2026. Во тој случај 48-те репрезентации би биле поделени во 12 групи со по четири селекции. Пласман во нокаут фазата би добиле двете најдобро пласирани репрезентации од секоја група. Во осминафиналето би оделе и осумте најдобри третопласирани екипи. Во тој случај, ФИФА размислува да воведе пенали во случај на реми.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе