Додека просечниот возач во Македонија не може да си го дозволи ни новиот Accord, во Honda и понатаму се продава Legend и тоа во многу привлечо издание.
Уште во ноември Honda соопшти дека е подготвена да ги испорача првите автомобили опремени со системи за автономно возење на Ниво 3, за што ги доби потребните одобренија. Првиот модел сега е подготвен за пазарот. Како што се очекуваше, ова е најпрестижниот Legend и ќе се нуди и со системот за автономно возење кој во Honda е комерцијализиран под името Honda Sensing Elite. Помала серија автомобили опремени со системот ќе бидат понудени исклучиво преку програма за изнајмување, но засега само во Јапонија.
Најголемата новина кај овој систем е воведувањето на Traffic Jam Pilot кој презема целосна контрола над возилото во градскиот метеж. Во такви услови, автомобилот забрзува, сопира, па дури и врти сам. Надгледувањето на околината се врши преку бројни сензори, но и 3D мапи. Во кабината „камерата ја следи состојбата на возачот“, нагласуваат од Honda. Системот е способен за 10 милиони различни примероци на реални состојби во сообраќајот и е калибриран по повеќе од 1,3 милиони тест километри.
Со ова, Honda стана првиот производител во светот што нуди систем за автономно возење на Ниво 3 на производствено возило. Во моментов, понудени се само 100 примероци, а цената е 102.000 американски долари.