Софија е робот создаден од компанијата Hanson robotics и има скоро идентични функции како и човечките суштества. Роботот може да прави фацијални експресии и го разбира човечкиот говор. Според компанијата, примероци од роботот ќе се продаваат од 2017 година.
На прв поглед, Софија личи на робот од филмот Ex Machina. Најчовечкиот аспект од Софија е нејзиното лице, создадено од патентирана специјална гума, што ѝ овозможува да прави повеќе од 60 фацијални изрази.
Доктор Дејвид Хенсон го води одделот за инженерство, одговорен за создавањето на Софија, робот инспириран од Одри Хепберн и сопругата на Хенсон.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=W0_DPi0PmF0]