На социјалните мрежи се појавија две фотографии кои покажуваат иста локација во Буча, но во два различни периоди.
Едната фотографија е снимена по повлекувањето на руската армија во април 2022 година, а другата во мај 2023 година, околу една година подоцна, по реконструкцијата.
На првата слика се запалени и напуштени тенкови и уништените предградија на Киев, а на втората е обновена улица без тенкови. На двете фотографии се гледа иста улица - Вокзална. За време на окупацијата на градот, Русите најмногу биле концентрирани околу раскрсницата на улиците Вокзална и Јаблунска, пишува Snopes.
Токму тука, според истрагата на New York Times, руските падобранци од 234-та воздушна јуришна бригада извршија некои од најлошите злосторства во првите денови од инвазијата на Украина. Украинските сили повторно ја зазедоа Буча на 31 март. По руското повлекување, телата на погубените цивили можеа да се видат на сателитски снимки на раскрсницата на улиците Јаблунска и Возкална.