Ова мало дупче во авионот може да спаси животи
Додека сте патувале со авион веројатно сте забележале дека при дното на секој прозорец се наоѓа мало дупче. Тоа дупче постои заради безбедност, а неговата функција е да го регулира притисокот на прозорското стакло кое доаѓа од кабината и надворешниот дел на авионот така што пропушта малку воздух. Улогата на тоа дупче е спречување на заледување и замаглување, пишува Daily Mail.
Прозорите на авионите се направени од три слоеви – надворешен, среден и внатрешен, од акрил и стакло. Безбедносното дупче се наоѓа во средниот слој. Кога надворешниот слој ќе пукне, преостанатите два се доволно цврсти за да издржат до слетување на авионот до најблискиот аеродром.