Ова се бизарните правила за камбек мечот на Мајк Тајсон

Долго најавуваниот камбек меч на две легенди во боксот, 54-годишниот Мајк Тајсон и 51-годишниот Рој Џонс Џуниор конечно ќе го гледаме утре.

Ова ќе биде егзибициски меч на двајца боксери во шестата деценија од животот, па борбата ќе се одржи според посебни, прилагодени правила, кои не беа исто дочекани од сите.

Без нокаути, без победник, без обложување

Ќе се одржат осум рунди од по 2, наместо вообичаените 3 минути, нема да има судии во рингот, а по борбата нема да биде прогласен победник. Од спортска перспектива, најбизарното правило за овој натпревар е дека нокаутите се забранети. Покрај тоа, ако на некој од боксерите му потече крв, натпреварот веднаш ќе биде прекинат.

„Ќе можат да ги покажат своите боксерски вештини, но не сакам да дадат сѐ од себе да се повредат. Ќе има солиден спаринг, но не треба да биде нокаут, не е борба за титула“, изјави Енди Фостер, извршен директор на Комисијата за спорт во Калифорнија.

URL
Колку ќе чини преносот?

Иако е човечки оправдано да се заштитат старите лица од сериозни повреди, многумина со право се разочарани од овие правила, особено кога се знае дека гледањето на преносот на овој натпревар во Америка за pay-per-view чини 50 долари.

„Не смеат да се нокаутираат?“, во неверување праша шефот на УФЦ, Дејна Вајт, кога го замолија да даде свои предвидувања за борбата.

Вајт прсна во смеа.

„Тешко е да се наметне тоа правило. Би сакал да се обложам дека тоа нема да се случи“, рече Вајт, кој важи за близок пријател на Тајсон и во минатото соработуваше со Џонс.

Вајт беше информиран дека борбата нема да биде ниту во понудата за обложување, бидејќи станува збор за егзибициски натпревар во кој нема да биде прогласен победник.

„Не го знаев тоа. Не знам што да кажам. Аман веќе“, заклучи Вајт.

URL
Колку ќе заработат боксерите?

Во јавноста протекоа и податоци за тоа колку секој од боксерите треба да заработи за оваа борба. Изворот за тоа е новинарот на ESPN Кевин Иоле. Тој на својот профил на Twitter објави дека Тајсон треба да заработи околу 10, а Џонс Џуниор околу 3 милиони долари.

URL

Тајсон вети дека ќе ги донира сите приходи во добротворни цели, што би било една од најголемите донации на кој било спортист во современата историја. За време на својата кариера, Тајсон им помогнал на неколку здруженија кои првенствено се занимаваат со спречување на зависности кај младите и се грижат за децата од проблематични семејства.

Тагови
реклама

Lidl доаѓа во Северна Македонија

Read more

Првпат на реклама: Вака изгледаат градите на жените кои дојат

Read more

Во Помпеја откопана античка римска кочија

Read more

Илон Маск, тргни се да помине дечково

Read more

Останати спортови

Јован Стојоски единствен македонски атлетичар на претстојното ЕП во сала

Read more

Никогаш не е здодевно во Дагестан: Џудисти и навивачи се скршија од ќотек

Read more

Тајгер Вудс се разбуди од операцијата по страшната сообраќајна несреќа

Read more

Македонските скијачи не се пласираа на утрешната завршница во Кортина

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Несторовски: Головите ми се многу важни

Читај повеќе
  • play_arrow

Седум клубови со платен список „полесен“ од платата на Лео Меси

Читај повеќе

Почетино: Мбапе ќе ги надмине Меси и Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мерцедес го презентираше болидот за новата Ф1 сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Седум одлични фудбалери кои дремат на клупа сезонава

Читај повеќе
  • play_arrow

Како блесна ѕвездата на Фил Фоден?

Читај повеќе

Солскјер и Шо се спасија од казни

Читај повеќе

Легендарниот кошаркар Миленко Савовиќ почина од коронавирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Готи: Несторовски тренира како да е дете од младинскиот тим

Читај повеќе