Ова се најчестите секс-фантазии на жените кога се во врска

Сексот секогаш треба да е забавен, без разлика дали е „нешто ново“ или сте со истиот партнер со години.

Можеби креативноста кај жената се разгорува кога има секс со истиот маж долго време. Можеби едноставно секогаш имала бујна сексуална фантазија, а сега „избива“ на површина.

Секс-терапевтката Лора Оутс вели дека сексуалните фантазии се многу здрави за вас и нагласува дека тие не исчезнуваат кога ќе влезете во долга врска. Напротив, се покажуваат како здрав елемент и за врската.

Од нејзината долгогодишна работа со поединци и двојки, таа ги издвојува овие пет најчести сексуални фантазии кај жените во врска.

Губење контрола

Наречете го ова ефектот „Педесет нијанси сиво“, но многу жени сакаат да му ја препуштат контролата на мажот во сексуалната игра. Оутс вели дека ова се покажало како честа фатазија кај жените уште пред да се појави популарниот серијал книги и филмови. Ако сте расположени за врзување и ставање превез на очите, не грижете се, вие сте во друштво на милиони жени!

Секс на невообичаено место

Уживањето во спалната соба е сосема океј, но жените понекогаш сонуваат да имаат секс на необични места. Високо на списокот на посакувани локации е сексот во хотелска соба со поглед кон океанот, секс на плажа, секс на кујнската работна маса или сензуално истражување на телото на партнерот во када или под туш.

Секс со странец

И кога се во врска, жените фантазираат за секс со убав странец, односно за жешки секс-игри без обврските и притисокот на секојдневниот живот. Споделете ги вашите желби со вашиот партнер, а потоа препуштете се на ова примамливо сценарио - заедно. Играјте странци кои само што се сретнале на шанк, а потоа изнајмуваат соба во хотел.

Играње улоги

Без разлика дали фантазирате за маж во униформа, секси професор, безобразен доктор или тренер во теретана кој го бара максимумот од вас, играњето улоги во сексуалната игра е здрав начин да ги изразите вашите фантазии, се разбира сѐ додека тоа ви се допаѓа и на двајцата, вели Оутс.

Секс на јавно место

Дури 60 проценти од жените во врска фантазираат за секс на јавно место, открива Оутс. Дали е опасноста да бидете „фатени“ на дело, потрагата по возбуда или едноставно желба да се излезе од рутината, оваа сексуална фантазија котира највисоко на листата кај жените во врска.

реклама

Стигна и првата аудиоснимка од Марс: Каков звук има на Црвената планета?

Read more

Мајк Тајсон заработува милиони долари од бизнисот со канабис

Read more

Невиден масакр: 79 затвореници убиени во три еквадорски затвори, некои обезглавени

Read more

Ставајте појас во кола, токму тоа му го спаси животот на Тајгер Вудс во сообраќајката

Read more

Љубов и секс

Идеални партнери за родените во знакот Риби

Read more

Како да разликувате сексуална привлечност од вистинска љубов?

Read more

Хороскопски двојки кои совршено си одговараат, а сепак раскинуваат

Read more

Што може да ви се случи ако долго време немате секс?

Read more
 

Магазин

Четири знаци дека јадете премногу сол

Читај повеќе
  • filter

Илустрирана љубов: Како изгледа кога омилената интернет двојка чека второ дете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку различен е португалскиот во Португалија и во Бразил?

Читај повеќе

Мезе на денот: Похувани печурки

Читај повеќе
  • play_arrow

Нема шега со полицијата во Хонгконг

Читај повеќе

Несоницата предизвикува сериозни заболувања - како да се справите на природен начин?

Читај повеќе

Кои земји сѐ уште не почнале со вакцинација?

Читај повеќе

Идеални партнери за родените во знакот Риби

Читај повеќе
  • play_arrow

Како би изгледале денешните животни доколку би биле диносауруси?

Читај повеќе