Ова се навиките на успешните луѓе

Кога последен пат сте успеале да го направите сето она што сте го испланирале претходниот ден?

Ако не можете да се сетите, време е да промените некои навики односно да ги послушате советите на успешните луѓе кои успеваат да ги завршат сите обврски бидејќи знаат како да се организираат.

Утринска рутина

Успешните луѓе го почнуваат денот со позитивни мисли, со омилениот пијалак и со план за тој ден. Тие не размислуваат за работите од минатото и се фокусираат на тековните обврски, не губат драгоцено време размислувајќи за тоа што веќе поминало.

Откако ќе се разбудите, направете план. Направете листа на обврските што треба да ги завршите, наредете ги по приоритет. Обврската што сте ја оставиле од денес за утре нека биде прва на списокот. Поминете го утрото појадувајќи со вашето семејство - истражувањата покажуваат дека само 15 минути поминати со саканите луѓе ќе ве мотивираат да ги завршите сите обврски.

Користете апликации

Успешните луѓе знаат кои апликации и алатки можат да им помогнат во извршување на секојдневните активности и задачи.

Апликацијата која е исклучително корисна е Toggl. Со помош на оваа апликација може да проверите колку време ви треба за да завршите некој проект, како да го организирате времето.

Побарајте ја апликацијата miMind кој ќе ви помогне да бидете поорганизирани и фокусирани. Доколку постојано ги заборавате лозинките, користете ја апликацијата Universal Password Manager, а доколку треба да испратите поголем фајл, користете Dropbox.

Направете план

Пред да заминете на шопинг, направете план за тоа што треба да купите и држете се до него, така ќе заштедите време. 

Вежбајте

Повеќето успешни луѓе вежбаат. Тие знаат дека со дисциплинирано вежбање успешно се борат против стресот и на тој начин го чуваат своето здравје.

Ризикувајте

Преземањето ризици може да доведе до неуспех, но успешните луѓе учат од своите грешки за да станат подобри во тоа што го прават.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Живот

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more
 

Магазин

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе