Ова се спортовите од кои луѓето најбрзо се откажуваат

А.С.
/ 18.01.2021 / 14:54

Јануари традиционално е месецот со најмногу уплати на членарини во теретаните, студијата за јога и пилатес и други курсеви за физичка активност. Пандемијата можеби ќе го смени тоа, но нема да го смени откажувањето од вежбање пред 1 февруари.

Додека некои избираат да креваат тегови или да трчаат, да се истегнуваат или да вежбаат прецизност, има луѓе кои претпочитаат групни вежби или спортски активности.

Експертите од GolfSupport.com одлучија да испитаат од кои спортови луѓето најбрзо се откажуваат откако ќе се запишат во клуб или група. Испитале 6.435 Европејци со кои спортови се занимавале во минатото и колку недели биле редовни или колку време им требало да престанат да ги играат.

Боксот е на прво место. Во просек, луѓето престануваат да се занимаваат со овој спорт во рок од четири недели. Следи шинти, тимска игра која се игра со палки и топка, претежно во Шкотска. Луѓето губат интерес за овој спорт по пет недели.

Танцот престанува да биде интересен по шест недели, додека за рагби се губи интерес по седум недели вежбање. На петтото место се боречките вештини од кои луѓето се откажуваат по осум недели.

Топ 10 вклучува и харлинг, веслање, хокеј, стрелаштво и лакрос.

GolfSupport.com може да потврди дека интересот за учење јога трае најдолго кај луѓето. Повеќето испитаници „издржале“ 40 недели. Потоа следат фудбал, голф, тенис и нетбол.

Најчестите причини зошто луѓето се откажуваат се недостаток на мотивација, недостаток на време, трошоци за тренирање и опрема, како и повреди, додека главните причини зошто луѓето не се откажуваат од одредена активност се подобрената кондиција, уживањето во вежбањето, желбата за натпреварување и дружењето.

реклама

Мохамед бин Салман ја одби понудата на Нетанјаху Израел да се бори против Хутите во Јемен

Read more

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Read more

Германија, Италија и Белгија бараат право да ги блокираат регулативите на ЕУ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Фит

Дали конзервираното овошје може да биде дел од здравата исхрана?

Read more

Како да се одржат резултатите од губењето тежина на долг рок

Read more

Дали треба да вежбате кога имате воспаление на мускулите?

Read more

Колку чекори треба да правите дневно за да живеете подолго?

Read more

Магазин

Земате витамин Д? Една форма може да го намали нивото на видот што му е најпотребен на телото

Читај повеќе

За гурмани: Арапски рецепт за боранија со месо

Читај повеќе

Дали конзервираното овошје може да биде дел од здравата исхрана?

Читај повеќе

Храна богата со влакна што треба почесто да ја јадете

Читај повеќе

Студија спроведена на 980.000 луѓе открива: Кога голтката од омилениот пијалак претставува ризик за рак?

Читај повеќе

Како да постапите ако некој колабира пред вас?

Читај повеќе

Три хороскопски знаци до Нова Година ќе го добијат она што долго го посакувале

Читај повеќе

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Читај повеќе

Витамини и додатоци кои е корисно да ги земате во есен

Читај повеќе