Филм & ТВ

Ова сите сакаме да го гледаме: Николас Кејџ ќе се глуми себе си во филм за него

18. ноември 2019 - 19:59 | А.С.

Николас Кејџ наводно преговара за улога во филм за него, во кој ќе се глуми себе си.

Приказната во филмот се врти околу неговите обиди да добие улога во филм на Тарантино, според Independent.

Звучи комплицирано, ама не е.

Според Hollywood Reporter, само прашање на време е кога продуцентската куќа Lionsgate ќе го купи филмот насловен „The Unbearable Weight of Massive Talent“ (Неподносливата тешкотија на огромниот талент).

Сценаристи се Том Гормикан (That Awkward Moment) и Кевин Итен (Ghosted).

Кејџ во филмот наводно разговара со нарцисоидна верзија на себе си од 90-тите, која му се потсмева на денешниот Кејџ бидејќи не е популарен и бидејќи снимил премногу нискобуџетни филмови.

Кејџ во филмот се обидува да ги подмири долговите, па се согласува да се појави на роденденската забава на член на мексикански нарко-картел кој е негов обожавател и кој сака Кејџ да го види сценариото за филм што го напишал неговиот нарко-бос.

Истовремено, Кејџ сака да направи сѐ што може за да ја усреќи ќерка си.

Засега, екипата наводно не разгледува други опции за улогата освен Николас Кејџ.

Судејќи по досега достапните информации, ова е дефинитивно филм кој сите сакаме да го гледаме.

Коментирај