САМО 125 ПРИМЕРОЦИ

Ова тјунирано Audi е најбрзиот СУВ во светот

Германскиот тјунер ABT  е познат по тоа што ги прави атрактивните и брзи модели на Audi уште поатрактивни и побрзи, а најновиот проект на компанијата е RSQ8-R.

Со оглед на тоа дека стандардниот RSQ8 веќе се вбројува меѓу најбрзите СУВ возила во светот, не му беше потребно многу тјунирање за да го заземе местото на врвот. За остварување на оваа цел се потруди тимот на ABT, кој овој модел го претстави на својот 125-ти роденден. Симболично, тјунинг компанијата ќе продаде само 125 примероци од новата ѕверка.

ABT и лани понуди своја верзија на Audi RSQ8 која од 0 до 100 км/ч забрзуваше за 3,5 секунди и достигнуваше максимална брзина од 305 км/ч, но очигледно тоа не беше доволно.

Новиот RSQ8-R е уште помоќен, мапирана е ECU единицата, вграден е специјално дизјаниран меѓуладилник, а моторот на Audi сега развива 740 коњски сили и максимален вртежен момент од 920 Nm, наместо фабричките 600 КС и 800 Nm. Максималната брзина е зголемена на 315 км/ч, што значи дека RSQ8-R сега е најбрз СУВ во светот.

Remote video URL

ABT поработи и на изгледот на возилото и подготви боди кит со многу карбонски компоненти како проширени калници, прагови, куќишта за ретровизорите, вентилациски отвоори, заден спојлер...

Remote video URL

Тука е и новиот издувен систем од нерѓосувачки челик со четири цевки со дијаметар од 102 милиметри. RSQ8-R доби 23-инчни ABT High Performance HR фелни со гуми со димензии 295/35 R23.

Тјунерот не ја заборави ни внатрешноста на возилото, па сега RSQ8-R има нов волан, ново старт-стоп копче и рачка на менувачот. На праговите е ознаката на која стои редниот број на примерокот, од вкупно 125. ABT ознаки има на неколку места, вклучувајќи ги и патосниците.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе