Оваа зима на Арктикот е најтопла во историјата

На Арктикот оваа зима е забележано рекордно висока температура, барем за пет степени повисока од просекот, што ги изненади научниците.

Нивото на морскиот мраз на Арктикот е рекордно низок за овој период од годината. Научниците се доста загрижени, бидејќи во тој регион, како резултат на климатските промени, забележана е најтоплата зима во историјата на мерењата.

„Тоа е едноставно лудо“, истакнува Марк Серез, директор на Националниот центар за податоци околу снег и мраз во Колорадо, кој го проучува Арктикот од 1982 година.

Тој тврди дека никогаш не видел ништо како ова што сега се случува во северната поларна област.

Експерти сметаат дека високата температура во оваа област е дел од циклусот, кој го предизвикал глобалното затоплување. Друг дел од тој процес се страшните невремиња, кои неодамна правеа хаос во Европа и делови од САД.

Најсеверната мерна станица, на самиот раб на Гренланд, во февруари забележа 60 часа во текот на кои температурата постојано ја минувала нулата и се движела кон плусот.

„Температурата која ја измеривме минатиот месец, многу повеќе одговара за месец мај“, вели Рут Мотрам од Данскиот метеоролошки институт.

Нивото на мраз на Арктикот во февруари бил понизок од минатигодишниот за 160.000 километри квадратни и сега изнесува околу 14 милиони, што е 1,3 милиони помалку од нормалното триесетгодишно ниво.

Сличен феномен е забележан и во Беринговото море, во Пацификот. Посебно необично е тоа што истото се случува од двете страни на Арктикот, пренесуваат научните портали.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Читај повеќе

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе