Не е веќе прашање „дали“, туку „кога“, а судејќи според моменталната форма на Александр Овечкин, тој брзо ќе стане најдобар стрелец во историјата на НХЛ.
Русинот, кој во септември наполни 39 години, постигна клучен гол во победата на неговиот Вашингтон Капиталс од 3:2 над Нешвил Предаторс, со што ја продолжи својата серија на 5 последователни натпревари со најмалку еден гол.
„Тој е генерал – кога не постигнува голови, ни дава енергија. И кога ќе го земе пакот, можете да го почувствувате тоа, соиграчите го чувствуваат тоа, можете точно да видите како малку го задржуваат здивот“, изјави тренерот Спенсер Карбери.
ALEX OVECHKIN SCORES AGAIN 🚨
— NHL (@NHL) November 7, 2024
That's goal No. 861! pic.twitter.com/tHWtYqppWQ
Сега има вкупно 861 гол и му требаат уште 34 за да го престигне легендарниот Вејн Грецки.
„Беше тежок натпревар, но Томпсон не задржа во игра со своите одбрани (вкупно 33)“, изјави Овечкин, кој го постигна победничкиот гол по 130-ти пат во кариерата, а претходно имаше и асистенција.
Интересно, лани на Овечкин му беа потребни 43 натпревари за да постигне 8 гола, а годинава само 12.
After a slower start last season, Alex Ovechkin has come out on fire much like his @Capitals as a whole in 2024-25. With 14 points through his first 11 games entering tonight vs the Predators, he has a chance at moving as high as 2nd on this list of veteran legends in NHL history pic.twitter.com/L2yBKTTXAL
— StatsCentre (@StatsCentre) November 6, 2024