Фудбал

Овермарс има совет за Арсенал: Продајте го Озил и купете го Зијех за половина цена

15. јули 2019 - 17:05 | К.З.

Поранешниот крилен играч на Арсенал и актуелен спортски директор на Ајакс, Марк Овермарс, не се двоумеше дали да го советува неговиот поранешен клуб во врска со летниот преоден рок. Арсенал до овој момент не финализираше ниту еден голем трансфер, а Овермарс смета дека го знае вистинскиот кандидат за црвено-белиот дрес на „топџиите“.

Може да се забележи дека Овермарс не е најголемиот фан на Месут Озил, бидејќи уште отсега го „отпиша“ од составот на Арсенал за следната сезона.

Како спортски директор на Ајакс, Марк Овермарс изгради име како еден од најперспективните млади фудбалски оперативци во светот на фудбалот. Оваа генерација на клубот од Амстердам ќе остане запаметена по големите успеси во Лигата на шампионите и домашните натпреварувања, а тој го надгледуваше развојот на скоро сите играчи во клубот.

Поради тоа, логично е дека Овермарс најдобро ги знае квалитетите на неговите играчи и затоа неговите пофалби за фудбалерите на Ајакс треба да имаат поголема тежина од оние на обичниот навивач.

„Сметам дека Хаким Зијех е подобар од Месут Озил. Би го советувал Арсенал: Продајте го Озил и ќе го добиете Хаким за половина цена. Но, луѓето од клубот не ме слушаат. Ако продолжат вака, тој ќе остане играч на Ајакс“, изјави Овермарс.

Иако луѓето во Ајакс се изненадени од малиот конкретен интерес за Зијех, сепак признаваат дека неколку клубови се распрашале за негов трансфер. Со оглед на зделките кои ги направи холандскиот шампион летово, од наредната сезона ќе гледаме целосно нов состав на Ајакс.

Коментирај