Здрав оброк, подгответе овесна каша со јаболко.
Состојки:
1 шолја овесни снегулки
1 шолја вода
1 јаболко
2 лажици путер од кикирики
1 лажица мед
Подготовка:
Ставете ја водата да зоврие па додадете ги овесните снегулки.
Јаболкото исчистете го , исечете го на коцки и ставете го во водата.
Варете неколку минути па потоа додадете мед.
Тргнете го тенџерето од оган и оставете малку да се излади, потоа измешајте и додадете путер од кикирики.