Здравје

Овие намирници ќе ве расонат подобро од утринското кафе

14. јануари 2020 - 9:16 | М.С.

На сите зависници од кофеин, кафето им е најважен пијалак за почеток на денот. Луѓето пијат кафе затоа што им дава чувство дека ќе се расонат побргу и ќе имаат повеќе енергија. Но, тоа чувство не трае долго време, особено доколку пиете инстант кафиња.

Ваквите пијалаци ќе ве придвижат привремено, но за кратко време ќе останете без енергија и пак ќе бидете поспани.

Затоа ве советуваме што треба да консумирате за да се чувствувате подобро наутро.

Многу е важно да внесувате доволно течности. Кога мозокот нема доволно течности, работи поспоро од вообичаено, а луѓето се чувствуваат уморно. Затоа, откако ќе се разбудите треба да испиете една чаша вода.

Со овесната каша која луѓето ја јадат за доручек, пијат и шолја кафе. Но, тоа не е потребно. Со оглед на тоа дека овесната каша има низок гликемиски индекс, ќе ви овозможи да имате доволно енергија и да се чувствувате сити во наредните неколку часа.

Можеби не звучи многу примамливо, но зелениот лиснат зеленчук како што се спанаќ, блитва, целер и марула, содржат витамин Б кој ви помага да ја претворите храната во енергија. Затоа, започнете го денот со зелено смуди наместо со кафе, препорачуват лекарите.

Семките се богати со омега-3 масни киселини кои ја забрзуваат работата на мозокот. Исто така, чиа семето го забрзува метаболизмот и дава чувство на хидрираност и свежина.

Консумирајте јајца. Протеините коишто ги содржи јајцето овозможуваат енергија на телото која ќе трае во текот на целиот ден. 

Направете пржени јајца, кајгана, омлет или сварете ги. Исто така може да искомбинирате јајца и некој зелен лиснат зеленчук и ќе направите омлет кој ќе биде вистинска енергетска бомба.

Коментирај