Овие намирници се најдобри сојузници во борбата со астмата

Не постои едноставен начин за лечење на астма, но има намирници што треба да ги јадете за да ги ублажите симптомите на оваа болест.

Препораките на лекарите се да јадете разновидна храна, но како конкретен пример се наведува медитеранската исхрана. Тоа значи дека треба да внесувате многу здрави масти, риби, житарки, овошје и зеленчук.

Важно е да се спомене дека треба да водите сметка за тоа дека вишокот килограми може да ја влоши оваа болест и затоа треба да се храните здраво и да вежбате.

Треба да се посоветувате со вашиот лекар и да не преземате драстични чекори, но според истражувањата, овие намирници може да ги олеснат симптомите на астма.

Јаболко и портокал

Овошјето е полно со витамини, содржи бета каротин и витамини Ц и Е кои помагаат да се намали воспалението на белите дробови.

Јаболката и цитрусното овошје се богати со овие состојки и се препорачува да ги консумирате секој ден.

Лосос

Омега 3 масните киселини се потребни на сите, особено на оние кои боледуваат од астма. Ги има во лососот, риба која е моќен сојузник во борбата против многу болести. Лососот е богат со витамин Д.

Ѓумбир

Ѓумбирот се користи за олеснување на симптомите на астма. Истражувањата покажаа дека оваа намирница содржи состојки кои им помагаат на дишните патишта.

Спанаќ

Спанаќот содржи витамини и минерали, фолна киселина(витамин Б9) кој е важен во борба против астма. Децата кои не внесуваат доволно фолна киселина и витамин Д имаат осум пати поголема шанса да добијат асматичен напад во однос на оние деца кои внесуваат доволна количина од овие состојки.

Калинка

Калинката е богата со антиоксиданти кои го намалуваат воспалението на дишните патишта, а го намалуваат и нивото на оштетеност на ткивото на белите дробови.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе