Овие пет филмови се најголемите фаворити за Оскарите

Нѐ очекува возбудлива сезона на филмски награди.

Вселенската бајка „Dune“, тинејџерската хроника со вкус на70-тите „Licorice Pizza“ и новата верзија на мјузиклот „West Side Story“, во режија на Стивен Спилберг, станаа фаворити за холивудските награди што ќе се доделуваат во наредните месеци, откако беа номинирани на различни избори од еснафот во филмската индустрија.

Remote video URL

Сите три филма заработија номинации од здруженијата на режисери, продуценти и сценаристи, што ги прави надежни кандидати за најпрестижната награда - Оскар.

Доделувањето на златните статуетки годинава ќе биде во многу подоцен термин, откако беше одложено за 27 март, а Академијата за филмски уметности и науки ќе ги објави номинациите на 8 февруари.

Покрај гореспоменатите филмови, меѓу најголемите фаворити за Оскарите се уште два филма кои заработија неколку номинации од еснафот, а тоа се „Belfast“ и „The Power of the Dog“.

Remote video URL

Експертите сметаат дека Американското здружение на режисери е многу сигурен показател за Оскарите, бидејќи победниците од нивниот избор во последните 18 години во 16 наврати освоиле златна статуетка.

Истите пет филмови беа номинирани и од режисери, и од продуценти

Овогодинешните кандидати за наградата на Американското здружение на режисери се Кенет Брана за „Belfast“, Џејн Кемпион за „The Power of the Dog“, Денис Вилнев за „Dune“, Пол Томас Андерсон за „Licorice Pizza“ и Стивен Спилберг за „West Side Story“.

Remote video URL

Истите пет филмови беа номинирани вчера за наградата на Здружението на продуценти. Оваа награда е востановена во 1990 година, а оттогаш само еден оскаровец за најдобар филм остана без номинација во тој избор. Тоа беше „Braveheart“, кој доби Оскар во 1996 година.

Од филмовите кои често се споменуваат како потенцијални номинирани за Оскар, „Macbeth“ во режија на Џоел Коен и „House of Gucci“ во режија на Ридли Скот не се појавија на листата на номинирани.

Remote video URL

За наградите на Здружението на сценаристи од споменатите филмови ќе се натпреваруваат „Dune“, „Licorice Pizza“ и „West Side Story“, додека „Belfast“ и „The Power of the Dog“ не можеше да бидат номинирани.

Remote video URL
Тагови
реклама

Заврши најкрвавата битка во Украина, Азовстал во рацете на Русите

Read more

Полска бара демилитаризација и преименување на Калининград, Русите се изнасмеаја

Read more

Необична снимка: Уште еден доказ дека со Путин нешто не е вo ред?

Read more

Обрнете внимание: 6 важни симптоми кои укажуваат на опасен рак

Read more

Филм & ТВ

Почна 75. Кански филмски фестивал

Read more

По разделбата со Лиса Бонет, Џејсон Момоа во врска со 10 години помлада колешка

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Топ 20 славни личности кои стапиле во брак со обични луѓе

Read more
 

Сцена

  • play_arrow
  • filter

Почна 75. Кански филмски фестивал

Читај повеќе

По разделбата со Лиса Бонет, Џејсон Момоа во врска со 10 години помлада колешка

Читај повеќе
  • play_arrow

По пет години издаде нов албум и ги сруши Spotify и Apple Music

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 славни личности кои стапиле во брак со обични луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

За што всушност говори победничката евровизиска песна?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Doctor Strange 2“ втор викенд на врвот на бокс-офисот

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина победи на Евровизија: Нашата песна не победи само поради политиката

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за Hustle на Леброн со Адам Сендлер

Читај повеќе