Љубов и секс

Овој тип на мажи се најдобрите љубовници

18. февруари 2020 - 15:56 | Б.С.Б.

Во истражување на Универзитетот во Квинсленд учествувале 100 жени кои одговарале на бројни прашања за нивниот дотогашен сексуален живот. Целта на истражувањето било да се открие кои мажи во очите на жените имаат најдобри квалитети за љубовник.

Научниците исто така сакале да дознаат со кој тип на љубовници жените најлесно доживувале оргазам, а со кој не. Од добиените одговори може да се заклучи дека духовитите, креативните и верните мажи имаат најдобри квалитети како љубовници.

На таквите мажи исто така им е многу важно да знаат како на најдобар начин да ја доведат жената до оргазам. Исто така, поотворени се за разговор и многу повеќе се трудат околу предиграта.

Што кога станува збор за бракот? Интересно е тоа што овие особини му припаѓаат и на идеалниот маж. Најново истражување спроведено меѓу белгиски научници покажа кои особини мора да ги има еден маж за да им биде привлечен на жените и за да го сметаат како добар кандидат за брак. Во истражувањето учествувале 87 хетеросексуални студентки според кои најпривлечен тип на маж им е оној на кој семејството му е поважно од работата и кариерата.

Според нивното мислење, семејниот тип на маж е подобар кандидат за брак бидејќи ќе биде поддршка на семејството, подобар сопруг и подобар татко на децата, односно повеќе ќе биде вклучен во секојдневниот семеен живот. Покрај тоа, нивниот идеален маж мора да биде дружељубив, пожелно е да им помага на повозрасните луѓе, да биде џентлмен и да покажува дека се грижи за жената.

Изгледот не е клучен кога станува збор за изборот на партнерот, ова го покажа и истражување објавено во Psychological Science. Според ова истражување, мажите со просечен изглед и големо поголемо ниво на самодоверба им се повеќе привлечни на жените отколку позгодните мажи. Резултатите покажале и дека мажите кои не се премногу оптоварени со нивниот физички изглед одгледуваат посамоуверени деца.

Коментирај