Здравје

Овошје кое ве штити од дијабетес и срцеви заболувања

6. јули 2019 - 17:51 | Б.С.Б.

Освен што имаат одличен вкус, кајсиите се богати со витамини и минерали кои помагаат во правилното функционирање на организмот. Токму затоа треба да ги вклучите кајсиите во вашата секојдневна исхрана.

Станува збор за исклучително хранлива овошка, две свежи кајсии содржат 34 калории, 8 грама јаглени хидрати, 1 грам протеини, 0,27 грама масти, 1,5 грама влакна. Кајсиите се одличен извор на бета каротен и лутеин, антиоксиданси кои помагаат во борбата против штетните слободни радикали. Најдобро е да се јадат цели и неизлупени.

Богати се со витамините А, Ц и Е, содржат флавониди кои штитат од болести како дијабетес и срцеви заболувања, докажано ги неутрализираат слободните радикали и штитат од хронични заболувања.

Благодарение на антиоксидансите и на витаминот Ц, кајсиите се одлични и за кожата. Ја штитат од штетните надворешни влијанија и уВ зраци кои предизвикуваат трајни оштетувања. Витаминот Ц помага во обновувањето на кожата и колагенот, а бета каротенот штити од изгореници предизвикани од сончевите зраци.

Кајсиите се богати и со вода, па помагаат во одржувањето на здрав крвен притисок, телесната температура, здравјето на зглобовите и правилна работа на срцето.

Коментирај