Озил донесе конечна одлука, познато името на неговиот следен клуб

Месут Озил наводно и официјално одлучил дека нема да го продолжи договорот со Арсенал, а веќе ја знае и својата следна дестинација.

Според информациите од англискиот таблоид Mirror, Месут Озил веќе им сооштил на некои свои соиграчи дека го напушта клубот, но останува во Премиер лигата.

Овој магазин пренесува дека тој е блиску до Манчестер Јунајтед кој нема да делува во јануари туку ќе почека договорот да му истече и бесплатно да го добие следното лето.

Мурињо имаше успешна соработка со Озил во Мадрид и наводно тоа е причината поради која Озил е подготвен да ги намали своите финансиски барања за да заигра за Јунајтед.

Тој нема понуди, освен од Турција, Венгер ќе се обиде да го продаде во јануари, но тоа тешко дека ќе се случи, бидејќи никој не сака да плати за играч чиј договор истекува на 1 јули.

Ниту во Арсенал не сакаат тој да остане, некои од играчите се лути на него бидејќи е незаинтересиран. Германецот одби да потпише нов договор од 275,000 фунти, бараше 350,000 што би го направило најплатениот фудбалер во Премиер лигата.

Ова нема да го добие ниту од „Црвените ѓаволи“, но од друга страна, ова е за него стратегија со која конечно би го напуштил Арсенал и шанса да ја оживее својата кариера.

Во јавноста беа упатени бројни критики на негова смета, пред се поради неговиот однос кон тимот, што можеше да се види и кога доби шанса против Вотфорд во финишот минатиот викенд.

Останува да видиме дали ќе биде во тимот за мечот против Евертон во недела, но можно е Венгер да не го вклучи во тимот, бидејќи и тој е свесен дека нема многу корист од него.  

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе