Озил на врвот на листата на желби на Барселона

Иако Барселона изгледа незапирливо во досегашниот дел од сезоната, каталонскиот клуб сепак планира да биде многу активен во претстојниот зимски преоден рок, тврдат шпанските медиуми.

Шпанскиот весник Marca ја откри листата на потенцијални засилувања, за која вели дека барем двајца од наведените играчи од јануари ќе го носат дресот на Барселона.

На врвот на листата се наоѓа Озил, кој каталонците го сметаат како приоритетно засилување. Тој има разочарувачка сезона во Арсенал, и одбива да потпише нов договор со тимот од Лондон, а Барселона го гледа тоа како шанса да го доведе Германецот во своите редови.

Покрај него, на листата се наоѓаат уште двајца Германци кои настапуваат во редовите на Шалке, Макс Мејер и Леон Горецка. Двајцата се креативци од средниот ред, а Макс Мејер пред четири години, кога дебитираше во составот на Шалке, беше сметан за еден од најталенираните млади играчи во Европа.

Листата ја заокружуваат Набил Фекир од Лион и Александер Головин од ЦСКА Москва. Французинот Фекир би можел да биде големо засилување за нападот, но и за крилните позиции, и тој има одлична сезона во дресот на Лион. Головин, пак, во Барселона би го сметале како вложување во иднината, ако се земе во предвид дека овој играч има само 21 година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе