Фудбал

Озил сака да ја заврши кариерата во Арсенал

8. ноември 2018 - 20:25 | МИА

Минатата сезона навивачите на Арсенал се прашуваа дали една од ѕвездите на тимот, Месут Озил, ќе остане дел од клубот.

На крајот Германецот го продолжи договорот, неколку месеци пред неговото истекување и сега е поврзан со „топџиите“ до 30 јуни 2021 година. Но, тој не гледа проблем зошто не би останал и подолго.

Играчот од средниот ред неодамна наполни 30 години и откри дека тој се гледа како активен играч уште долго време. И нема ништо против да го помине ова време во клубот од Северен Лондон.

– Зошто да не ја завршам кариерата во Арсенал? Млад сум, имам речиси 30 години. Во фудбалот сѐ е можно, но јас сум среќен што играм за голем клуб како Арсенал. Едноставно уживам во престојот тука и навистина си се замислувам како ја завршувам мојата кариера овде. Можам да играм уште многу долго време. Мислам дека на 38 години е добро да прекинам со кариерата. Сигурно, ако се чувствувам добро, можам да сум на највисоко ниво до 35-36, изјави Озил за „Evening Standard“.

Коментирај