Озонската дупка полека почнува да се намалува

Пронајдени се првите јасни докази дека озонската дупка над Антарктик почнала да се намалува, тврдат научниците.

Научниците велат дека во септември 2015 година озонската дупка била за околу 4 милиони квадратни километри помала отколку во 2000 година. Оваа појава се припишува на долгорочното постепено намалување на користењето хемикалии кои го уништуваат озонот, објави BBC.

Причината поради којашто обвивката од озон почнала да се тенчи токму над Антарктик се тамошните екстремно ниски температури на воздухот и големото количество светлина.

Озонот е важен бидејќи го блокира штетното ултравиолетово зрачење од Сонцето, а неговиот недостиг ја зголемува опасноста од појавата на рак на кожата, оштетување на катарактот и воопшто штети на животинскиот и растителниот свет на Земјата.

Британските научници први кон половината на 80-те години од минатиот век забележаа дека озонската обвивка околу планетата започнала да се тенчи за околу 10 километри над Антарктик.

Во 1986 година беше утврдено дека озонот го уништуваат молекулите од фреон (CFS) кој се среќава во различни производи, од лакот за коса, преку ладилниците до системите за ладење.

Благодарејќи на протоколот од Монтреал, до 1987 година, за забрана на фреонот, ситуацијата постепено се поправа. Сега првпат се забележува дека озонската обвивка повторно почнала да се зголемува.

„Не очекуваме целосно зацелување до периодот меѓу 2050 и 2060 година, но гледаме дека озонската дупка повеќе не е така драматична каква што беше“, се наведува во извештајот на научниците кои работеле на проектот.

Сумираното тврдење погледнете го видеото:

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=sFTfkuae8lM]

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Наука

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more
 

Гик

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе