Пад на акциите од технолошкиот сектор на Волстрит

Цените на акциите вчера на Волстрит паднаа втор ден по ред, најмногу во технолошкиот сектор, бидејќи дел од инвеститорите се повлекуваат од пазарот по силниот раст на берзанските индекси од почетокот на годината.

Индексот Dow Jones се лизна за 1,29 отсто, на 40.665 поени, додека S&P 500 падна за 0,78 отсто, на 5.544 поени, а Nasdaq 0,70 отсто, на 17.871 поени.

И вчера, втор ден по ред, секторот за производство на чипови беше под притисок бидејќи владата на претседателот Џо Бајден има намера да воведе нови ограничувања за извозот на чипови во Кина.

Дополнително, продолжи ротацијата на капиталот од технолошкиот сектор, кој доведе до раст во последниве години, во сектори кои би можеле да имаат поголема корист од намалувањето на каматните стапки.

Имено, на пазарот зајакна мислењето дека американската централна банка во септември ќе ги намали каматните стапки бидејќи инфлаторните притисоци се намалуваат, додека економскиот раст забавува.

„Претходните денови видовме ротација на пазарот - повлекување од технолошкиот сектор, и инвестиции во други. Но, денес распродажбата ги погоди речиси сите сектори. Се чини дека некои инвеститори се повлекуваат од пазарот и го движат капиталот во готовина, по силниот пораст на цените на акциите во последните месеци“, објаснува Тим Гриски, стратег во Ingalls & Snyder.

Поради ова, индексот Dow Jones вчера се лизна од рекордните нивоа, по три дена раст. Индексот Russel 2000, кој ги вклучува акциите на малите и средните компании, падна втор ден по ред, откако во претходните пет дена скокна за повеќе од 11 отсто.

Инвеститорите се фокусирани и на деловните резултати на компаниите и банките во вториот квартал. Од 60-те компании од индексот S&P 500, кои досега објавија извештаи, 85 отсто од нив ги надминаа очекувањата во однос на заработката.

Благодарение на ова, аналитичарите во анкетата на Reuters сега очекуваат заработката да порасне во просек за 11 отсто на годишно ниво, додека пред десетина дена очекуваа раст од околу 10 отсто.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,21 отсто, на 8.204 поени, а париски CAC порасна за исто толку, достигнувајќи 7.586 поени. Франкфуртскиот DAX се лизна, пак, за 0,45 отсто, на 18.354 поени.

Тагови
реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Бизнис

Кои ЕУ земји имаат најдобра трговска соработка со Венецуела?

Read more

Џабе царините на Трамп – кинескиот извоз руши рекорди

Read more

Азиските акции најмногу растат, Токио руши рекорди пратејќи го Волстрит

Read more

Златото достигна рекордна цена

Read more
 

Вести

„Као какао“ – прв македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски

Читај повеќе

МЗ: Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството

Читај повеќе

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на ЈП „Паркови и зеленило“

Читај повеќе

Скопјанец им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали

Читај повеќе

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Читај повеќе

Како се Балканот и Венецуела поврзани на пазарот на кокаин?

Читај повеќе

11-годишно дете во САД го убило татко му затоа што му ја зел видеоиграта

Читај повеќе

Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутјуберите да се регистрираат во АВМУ, соопштија од агенцијата

Читај повеќе