Пад на берзите, инвеститорите чекаат извештаи од големите компании

На европските берзи претпладнево се тргува внимателно бидејќи инвеститорите не се подготвени да ризикуваат пред објавувањето на кварталните деловни резултати на голем број компании и состанокот на челниците на американската централна банка.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,3 отсто во 9:30 часот, по силниот раст од минатата недела.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,25 отсто, на 7.258 поени, додека франкфуртски DAX ослабе 0,28 отсто, на 13.216 поени, а париски CAC 0,50 отсто, на 6.185 поени.

Инвеститорите се претпазливи додека ги чекаат извештаите со деловните резултати на голем број големи компании и банки, од UBS и Unilever до Deutsche Bank, Barclays, Shell, Renault...

Внимателно се тргува и на азиските берзи, па индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше во минус од 0,4 отсто околу 9:45 часот.

Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај и Хонгконг се лизнаа меѓу 0,1 и 0,6 отсто. Во Јужна Кореја, пак, тие се зголемија за 0,4 отсто.

Азиските инвеститори се претпазливи бидејќи нема многу причини за продолжување на растот на цените на акциите, имајќи предвид дека поради високата инфлација централните банки ги зголемуваат каматните стапки, додека економскиот раст забавува.

Оваа недела, инвеститорите ќе се фокусираат на состанокот на лидерите на американската ФЕД. Со оглед на тоа што инфлацијата во САД лебди на највисоките нивоа во повеќе од 40 години, се очекува ФЕД повторно агресивно да ги зголеми клучните каматни стапки, најверојатно за 0,75 процентни поени.

Оваа недела ќе бидат објавени и податоците за бруто домашниот производ на САД во вториот квартал. Се очекува благ квартален раст, но никого не би изненадило доколку се покаже дека економијата втор квартал по ред паѓа на квартална основа, што би значело дека најголемата светска економија е во рецесија.

Европските берзи се зголемија минатата недела, бидејќи стравувањата од рецесија се намалија во Европа, откако рускиот гас продолжи да тече низ Северен тек 1, гасоводот меѓу Русија и Германија, во четвртокот по 10-дневниот ремонт.

Сепак, енергетската криза и зголемените каматни стапки поради високата инфлација може да ги турнат европските економии во рецесија.

„Берзите очигледно во цените ги вградија очекувањата за забавување на економскиот раст, но дали е вградена и рецесијата? Би рекол не, така што во таа смисла не сум сигурен дека пазарот го достигна дното“, вели Реј Атрил, директор во Националната австралиска банка.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе