Пад на швајцарскиот БДП: Луѓето остануваат без работа, потрошувачката се намалува

Швајцарската економија годинава ќе претрпи најголем пад во последните неколку децении, бидејќи пандемијата на коронавирусот тешко ги погоди производството и работните места, соопшти швајцарската Влада, но исто така истакна дека падот ќе биде помал од очекуваниот и ќе изнесува 6,2 проценти.

Ова е најголем пад на швајцарскиот БДП од 1975 година, кога земјата беше погодена од последиците од нафтената криза. Стапката на невработеност, исто така, се очекува да се искачи на 3,8 проценти, бидејќи страда надворешната трговија, личната потрошувачка се намалува, а компаниите допрва ќе излегуваат од мерките и забраните што им беа наметнати за да се запре ширењето на COVID-19.

Новата прогноза на Владата, сепак, е подобрена во однос на падот од 6,7 проценти што го прогнозираа швајцарските владини економисти во април и е поповолна од очекувањата за другите европски земји. ОЕЦД предвидува пад од 11,5 проценти за Велика Британија, 11,4 за Франција и 11,3 отсто за Италија.

Швајцарската влада очекува постепено закрепнување во текот на втората половина од годината, доколку не се случи масовен втор бран на болеста, заедно со сериозни ограничувања. За 2021 година се предвидува економски раст од 4,9 проценти, иако невработеноста ќе остане висока според швајцарските стандарди, на 4,1 процент.

Швајцарската Влада на кризата одговори со стимулативен пакет вреден повеќе од 60 милијарди франци, близу 10 проценти од националниот БДП, а над 15 милијарди швајцарски франци за заеми за итни случаи беа распределени на речиси 130.000 компании. Околу 1,9 милиони луѓе или 37 проценти од работната сила се пријавиле за државна помош.

Затворањето на Швајцарија за да се спречи ширењето на коронавирусот беше поблаго отколку во другите земји, додека големиот фармацевтски сектор во земјата остана успешен.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе