Пад на утринските температури, од вторник под нулата

Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавуваат свежо време со пониски утрински температури, кои во вторник некаде ќе се спуштат некој степен под нулата.

Наутро на некои места во котлините ќе има услови за појава на магла.

Од УХМР информираат дека до средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

До крајот на денот нѐ очекува променливо облачно и свежо време. Попладне и особено во северните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен до северозападен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе преовладува променливо облачно и ветровито време, а попладне потивко и со доста сонце.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Охрид – 15 литри на метар квадратен, 13  во Тетово, 12 во Дебар и Попова Шапка, 11 во Пожаране, Маврово и Куманово – осум, Претор, Битола, Прилеп, Демир Капија – четири, Скопје – Зајчев Рид – три, Крива Паланка – 2, Берово и Скопје – Петровец – еден.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Македонија

Зголемени водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро

Read more

Најстудено и најмногу снег во Лазарополе

Read more

Состојбата стабилна, засега нема потреба од нови мерки за новиот сој

Read more

Постудено со повремен дожд, снег и ветер

Read more
 

Вести

Зголемени водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро

Читај повеќе

Шефот на Moderna: Постоечките вакцини не се одговор на омикрон

Читај повеќе

Австрија парично ќе ги казнува оние кои одбиваат вакцинација, им се заканува и затвор

Читај повеќе

Најстудено и најмногу снег во Лазарополе

Читај повеќе

Состојбата стабилна, засега нема потреба од нови мерки за новиот сој

Читај повеќе

Сопственикот на „Беса транс“: Во автобусот немаше запаливи материи, тубите беа со вода

Читај повеќе

Постудено со повремен дожд, снег и ветер

Читај повеќе

Русковска: Пожарот во автобусот почнал во багажниот простор што се наоѓа над резервоарот

Читај повеќе

Телата на загинатите во автобуската несреќа в петок ќе бидат пренесени авионски

Читај повеќе