Падна кредитниот рејтинг на Турција

Вашингтон, 18 август 2018 (МИА) - Агенцијата „Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Турција на „Б плус“ наведувајќи дека падот на вредноста на лирата ќе доведе до послаба економија следната година.

- Значителното намалување на лирата има негативни фискални димензии и во исто време врши притисок врз корпоративните биланси и притисокот врз домашните банки станува се поголем, се наведува во соопштението на „Стандард енд Пурс“.

Агенцијата прогнозира дека Турција следната година ќе влезе во рецесија.

- Во следните четири месеци инфлацијата ќе достигне до 22 проценти, а во средината на 2019 година ќе се намали до под 20 отсто, посочува агенцијата за кредитен рејтинг, додавајќи дека реакцијата на турската Влада е „ограничена“.

И агенцијата „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Турција на „Ба три“, истакнувајќи дека условите можат да предизвикаат инфлација.

- Главен двигател на падот е континуираното слабеење на јавните институции во Турција, како и намалувањето на предвидливоста во креирањето на турската политика, истакнува „Мудис“.

Агенцијата изразува загриженост поради независноста на Централната банка на Турција, која не ги зголеми каматните проценти, како и поради недостиг на транспарентност на плановите на Анкара за справување со неодамнешните финансиски потреси.

- Тоа најверојатно ќе доведе до поголема инфлација и ќе го зголеми ризикот за платежниот биланс, потенцира „Мудис“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе