СЕРИЈА А 2019/20

Падна одлука: Серија А почнува на 20 јуни

Конечно добри вести за љубителите на калчото. Серија А и Би ќе почнат со натпревари на 20 јуни, а одредени се и датумите за Копа Италија.

Прекинатата сезона во двете најквалитетни лиги во Италија, А и Би, ќе продолжи на 20 јуни. Така е одлучено на состанокот кој заврши вечерва помеѓу властите и Федерацијата.

Сепак, прво ќе почнат натпреварите од полуфиналето во Копа Италија и тоа со Јувентус - Милан на 13 јуни, а наредниот ден Наполи - Интер. Ќе се игра еден натпревар без реванш, а финалето ќе следува веднаш на 17-ти и тоа на „Олимпико“ во Рим.

„Како што рековме, фудбалот ќе се врати кога условите ќе го дозволат тоа. Сега нашата земја се враќа во нормала, а и спортот се буди. Министерството за здравство го одобри протоколот за продолжување на сезоната и потребните мерки за карантин во случај на позитивен фудбалер“, рече Винченцо Спадафора, министер за спорт на Италија.

Властите инсистирале Федерацијата да има и резервен план за во случај на втор бран на коронавирусот во земјата.

„ФИГЦ ме увери дека постои план Б и план Ц, плеј-оф и плеј-аут и кристализирање на табелата. Јас лично го поздравувам тоа што со натпреварите од Копа Италија ќе ѝ се даде еден позитивен сигнал на целата земја. Да биде јасно: ќе биде рестартирање на три важни натпреварувања во корист на сите Италијанци“, заврши Спадафора.

И Серија Би ќе почне исто така на 20 јуни, додека во план е продолжување и на трите групи од Серија Чи, односно третата лига, но за тоа допрва ќе се одредува датум. 

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе