Според веб-страницата Downdetector, над 39.000 луѓе известуваат дека Х е неактивен.

Социјалната мрежа Х, порано Twitter, на 10 март престана да работи за многу корисници од Македонија, но и од целиот свет.
Веб-страницата DownDetector забележа нагло зголемување на извештаите за недостапност на платформата, што укажува на широко распространет проблем. Корисниците во коментарите известуваат дека не можат да вчитаат објави, а некои известуваат дека апликацијата не реагира или не се поврзува на серверите.
Причината за овој прекин на услугата сѐ уште не е позната, а компанијата X веднаш не го коментираше проблемот.
Корисниците на другите социјални мрежи изразија фрустрација поради прекинот, наведувајќи дека не можат да комуницираат и да ги следат актуелните настани. Некои се пошегуваа дека се „изгубени“ без пристап до X, додека други изразија загриженост за потенцијална загуба на податоци или информации.