Паднаа акциите на Apple 

На Волстрит, индексот S&P 500 силно порасна во средата, најмногу благодарение на корекцијата на цените на акциите по шестдневниот пад, додека инвеститорите беа охрабрени и од падот на приносите на обврзниците.

Dow Jones зајакна 1,88 отсто, на 29.683 поени, додека S&P 500 порасна за 1,97 отсто, на 3.719 поени, а индексот Nasdaq порасна за 2,05 отсто, на 11.051 поени.

Откако во вторникот падна на најниското ниво во скоро две години, S&P 500 порасна вчера за прв пат во седум трговски дена.

Ова е благодарение на корекција на цените на акциите, како и пад на приносите на обврзниците втор ден по ред.

„Приносите на двегодишните трезори постојано се зголемуваат во последниве недели и сега се намалуваат два дена по ред, давајќи му здив на берзата“, вели Арт Хоган, стратег во B. Riley Wealth.

Во сите 11 најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите пораснаа вчера, а највисоко во енергетскиот сектор, за 4,4 отсто, благодарение на растот на цената на нафтата.

Значително пораснаа и цените на акциите на технолошките компании, како што се Microsoft, Amazon i Meta Platforms, кои се погодни за средина со пониски трошоци за задолжување.

Акциите на Apple паднаа

Но, акциите на Apple паднаа за повеќе од 1 отсто по веста дека технолошкиот гигант се откажа од плановите да го зголеми производството на својот нов iPhone оваа година, бидејќи побарувачката не успеа да се зголеми колку што се очекуваше.

Вака вчера беше запрен неколкудневниот пад на пазарот, кој е под притисок на стравувањата дека агресивното заострување на монетарната политика од страна на американската централна банка, ќе ја турне економијата во рецесија.

Минатата недела ФЕД ги зголеми каматните стапки трета сесија по ред за 0,75 процентни поени, на опсег од 3 до 3,25 отсто, што е нивно највисоко ниво од 2008 година.

И лидерите на ФЕД велат дека ќе продолжат да ја зголемуваат цената на парите за да ја спуштат инфлацијата од највисоките нивоа во повеќе од 40 години.

Вчера, Рафаел Бостиќ, претседател на филијалата на ФЕД во Атланта, рече дека поддржува уште едно зголемување на каматните стапки од 0,75 процентни поени во ноември.

Чарлс Еванс, претседател на Банката на федерални резерви во Чикаго, сепак рече дека ФЕД веројатно ќе ги постави каматните стапки на нивоата што треба да бидат на почетокот на следната година.

Ова ќе го забави растот на економијата, а можеби и ќе предизвика подлабока рецесија. Поради ова, индексот S&P 500 падна за околу 22 отсто од почетокот на годината.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,30 отсто, на 7.005 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,36 отсто, на 12.183 поени, а париски CAC зајакна 0,19 отсто, на 5.765 поени.

Тагови
реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Решете го проблемот со лошиот здив со помош на две овошја

Read more

Поголема група маскирани лица во црно маршираат низ Белград

Read more

Како да направите совршено пире од компири?

Read more

Бизнис

Најголемата американска банка ги предупредува клиентите: Никогаш не сме виделе пад како оној на Tesla

Read more

Цената на златото највисока во историјата

Read more

Германија бара укинување на монетите од 1 и 2 евроценти: Што ќе смени во плаќањето?

Read more

Фонд за плати од 73 милиони евра за групацијата БАЛФИН

Read more
 

Вести

Трамп воведува целосна забрана за патување или ограничување за граѓаните од 41 земја

Читај повеќе

Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Читај повеќе

Приведено лице од скопско поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Читај повеќе

Песков до Украинците во Курск: Времето ви истекува

Читај повеќе
  • play_arrow

Убиен лидерот на ИСИС во Ирак и Сирија

Читај повеќе
  • play_arrow

Автомобил удри во граѓани кои оделе на протест во Белград, има повредени

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде е Вучиќ додека се подготвува најголемиот протест против него?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поголема група маскирани лица во црно маршираат низ Белград

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Куба во мрак: Милиони граѓани повторно останаа без струја

Читај повеќе