Корисници низ различни делови од светот пријавија дека не можат да вчитаат содржини ниту да креираат постови на Facebook и на Instagram.
Социјалните мрежи не им биле достапни на корисници ширум светот во четвртокот навечер, а според DownDetector изгледа дека погодени беа корисниците на двете платформи.
Facebook, во чија сопственост е Instagram, нема закажани какви било ажурирања, соопштија на Twitter.
Некои корисници пријавија дека не функционирал ни Facebook Messenger.
Дали вие имавте слични проблеми во користењето на овие апликации?