Паѓаат цените на нафтата

Цената на нафтата се лизна на 76 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи стравувањата од негативното влијание на повисоките каматни стапки врз побарувачката го засени начелниот договор во САД за зголемување на лимитот на националниот долг.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 68 центи во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 76,27 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена за 56 центи, од 72,11 долари.

Трговијата во САД и Велика Британија беше слаба на почетокот на неделата поради празниците.

Пазарите здивнаа откако американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти минатиот викенд начелно се договорија да го суспендираат лимитот на националниот долг и да ги ограничат државните трошоци во следните две години.

Нивниот договор сè уште треба да добие зелено светло во Конгресот, и двајцата се уверени дека и републиканците и демократите ќе го поддржат.

Аналитичарите, пак, предупредуваат дека позитивното влијание на договорот на нафтените пазари ќе се намали многу брзо, бидејќи вниманието веќе е свртено кон јунската сесија на американската централна банка и на каматните стапки.

ФЕД најави пауза во циклусот на зголемување на каматните стапки, но сепак може да ги зголеми во јуни, предупредува Тони Сајкамор од ИГ, а „повисоките каматни стапки во САД негативно влијаат на побарувачката на нафта“, потсетува тој.

Пазарите шпекулираат дека американската централна банка би можела да ги зголеми каматните стапки за четвртина процентен поен во јуни, а потоа да ги задржи на новото ниво до крајот на годината.

Расположението на пазарите беше пригушено од падот на профитот на кинеските индустриски компании и спротивставените сигнали од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници за производната политика пред редовниот состанок, закажан за 4 јуни.

Така, саудискиот министер за енергетика Абдулазиз бин Салман ги предупреди трговците кои шпекулираат за падот на цената на нафтата дека би можеле да бидат непријатно изненадени, што од пазарот беше протолкувано како сигнал дека ОПЕК + може повторно да го намали производството.

Поинаква порака стигна од Русија, преку вицепремиерот Александар Новак, кој оцени дека ОПЕК + нема да го промени производството откако го промени пред само еден месец, намалувајќи ја понудата од мај до крајот на годината за 1,16 милиони барели дневно.

„Трговците се малку збунети, не знаеме што да очекуваме“, рече Крег Ерлам од OANDA.

„Можеби Саудиска Арабија сака да ги држи трговците во неизвесност, но ако кажете нешто такво, а потоа не преземете ништо, тоа може да се сфати како слабо и цените повторно да паднат“, објаснува Ерлам.

Поради празникот во Австрија, каде што е и неговото седиште, ОПЕК во петокот не ја објави цената на барел нафтена кошничка на своите членки. Во четвртокот неговата цена беше 76,94 долари.

Тагови
реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Бизнис

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Read more

Русија забрани извоз на гориво, цената на нафтата скокна

Read more

Претседателот на УО на Шпаркасе банка – дел од Самитот за сина економија

Read more

Волстрит благо падна пред одлуката на ФЕД за каматните стапки

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе