Pagani ја претстави ултраексклузивната и ограничена верзија на хиперавтомобилот Huayra.
Imola е тестирана и развиeна на истоимената стаза кадешто помина илјадници километри, а од компанијата велат дека ова е најтешкиот тест кој го поминал еден автомобил на Pagani.
Од компанијата тврдат дека возењето на овој автомобил ќе биде лесно благодарение на гумите и кочниците.
Ќе бидат произведени само 5 примероци.
Цената на секој автомобил чини 5 милиони евра и веќе сите се продадени.
Imola го придвижува подобрената верзија на стандардниот 6,0-литарски твин турбо V12 мотор на Huayra кој развива 827 коњски сили.
Автомобилот е тежок 1.246 килограми благодарение на употребата на карбонски влакна и титаниум во конструирањето.