Пајакот синоќа правеше чистка на пешачката зона на кеј „13 Ноември“

Дали Град Скопје конечно ќе го реши проблемот со автомобилите кои ја нарушуваат пешачката зона на кејот покрај Вардар во самиот центар на градот?

Инспекторатот на Град Скопје синоќа од рано наутро почна акција за санкционирање на непрописно паркираните возила на јавната површина на кејот „13 Ноември“, на потегот од хотелот „Холидеј Ин“ до плоштадот „Македонија“.

„На овој потег се забележани поголем број несовесни возачи кои го злоупотребиле јавниот простор за да ги паркираат своите возила, иако на оваа локација паркирањето е забрането. Затекнатите прекршители се опоменати и им е изречена глоба. Досега се изречени 21 глоба“, велат од Град Скопје.

Во синоќешната акција беше вклучена и пајак службата која ги подигаше возилата чии сопственици не беа затекнати на местото.

„Во законски предвидениот рок од 7 дена прекршителите ќе треба да подигнат платен налог од Инспекторатот на Град Скопје и да извршат уплата од 50 евра, во денарска противвредност, колку што изнесува глобата за овој прекршок. За овој тип прекршоци, глобата не може да биде заменета со општокорисна работа“.

Акцијата за санкционирање непрописно паркирани возила на кејот „13 Ноември“ се спроведуваше во соработка со Општина Центар и од Град Скопје велат дека ќе трае континуирано, подолг временски период.

„Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта во градот, да го почитуваат комуналниот ред и поставената сигнализација и да ги чуваат јавните површини. Целта е да се одржува редот и хигиената на јавниот простор и да се стави крај на ваквите грди слики низ градот“.

Проблемот со кеј „13 Ноември“ е што токму Град Скопје дозволи улицата покрај кафе-баровите во самиот центар да биде проодна за автомобили. Во самиот ГТЦ има огромен паркинг каде можат да се паркираат, па редно е оваа улица да се затвори за сообраќај и целосно да им се отстапи на пешаците.

Фото: Град Скопје

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе