Пак немаш меморија? Овие апликации најефикасно ги чистат Android телефоните

Повеќето луѓе почнуваат да размислуваат за чистење на меморијата на смартфонот само кога уредот ќе се закочи или им треба повеќе простор за да даунлодираат нешто.

По правило, Android телефоните се доволно паметни сами а ги одржуваат внатрешните делови на системот, но никогаш не е лошо да направите мал преглед за да ви биде полесна работата и вам, и на вашиот паметен телефон.

Трикот е да пронајдете апликации за чистење на смартфони кои навистина работат како што треба. Многумина или ќе го закопаат уредот со непотребен софтвер, ќе избришат погрешни податоци или ќе инсталираат штетен софтвер.

Ова се петте најдобри апликации за безбедно софтверско чистење на Android смартфони

Официјалната програма на Google за работа со апликации има голем број алатки што ја прават одлична за чистење на непотребен софтвер. Сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата и да преминете на Clean. Таму, ќе видите неколку области што апликацијата ги препознава како „губење простор“: привремени податоци, дупликат датотеки, зачувани фотографии и неискористени апликации. Секоја опција може детално да се прегледа пред да се избрише. Откако ќе одлучите од што сакате да се ослободите, само извршете го чистењето и Files ќе го стори останатото.

Иако можете рачно да ги избришете сите податоци користејќи го Browse, најдобро е работата да ја препуштите на самата апликација. За разлика од еден куп слични апликации, Google Files отсекогаш бил бесплатен и сигурно нема да ве натрупа со непотребни додатоци.

Droid Optimizer е една од најпознатите апликации за чистење на Android телефони. Многу е едноставна (особено ако сте почетник) и има еден куп инструкции што ќе го направат чистењето полесно и поразбирливо. Започнувате со чистење со едноставно притискање на копчето за старт. Статистиката за чистење ќе ја видите на горниот дел од екранот, а слободниот простор и RAM меморијата веднаш до „рејтингот“ на чистотата на вашиот Android што може да го подигнете со бришење најразлични непотребни податоци.

Ако претпочитате да ги оставите сите апликации, Droid Optimizer има опција и за тоа. Автоматското чистење ќе ја исчисти вашата меморија, ќе ги запре апликациите кои работат во заднина и ќе ги избрише непотребните датотеки. Исто така може да го продолжи траењето на батеријата со исклучување на Wi-Fi додека спиете или кога самиот уред не е активен.

На крајот на краиштата, не станува збор за најубавата апликација во светот, но она што ја прави е навистина добра и што е најважно - можете да ја преземете почетната верзија бесплатно (и да платите за дополнителни додатоци подоцна).

Познатата апликација за чистење компјутери е достапна и за Android. Искрено, не е нешто посебно, но сепак е производ со многу помалку реклами од повеќето апликации за чистење уреди.

CCleaner за Android е мултифункционална апликација која го анализира уредот и брише податоци што зафаќаат премногу простор. Нејзината главна функција е чистење што овозможува бришење привремени податоци, бришење празни папки и бришење историја на прелистување, сурфање и сл. Конечно, апликацијата има menager за други апликации и нуди едноставен интерфејс што ви овозможува да изберете повеќе апликации што сакате да ги избришете одеднаш. За крај, тука се информациите за системот (процесор, RAM меморија, детали за уредот).

Ова не е најдобрата апликација, но ако сакате, можете да ја преземете бесплатната верзија и евентуално да се претплатите на дополнителни функции подоцна.

Чистењето на телефонот од непотребни датотеки е една работа, но можеби барате повеќе. Во тој случај, фрлете поглед на All-in-One Toolbox, која покрај горенаведеното, ја следи и батеријата, температурата на процесорот и ги затвора рекламите.

Апликацијата може да избрише привремени податоци, празни папки и неповрзани датотеки - сè што треба да направите е да притиснете на копчето за анализа, да изберете што сакате да избришете и тоа е тоа.

Функцијата Boost го чисти привременото складирање на системот и ги затвора апликациите во позадина - сето тоа со само две притискања на екранот. Ако го купите Boost +, ќе имате можност за автоматизација на функциите. Сè на сè - All-in-One Toolbox нуди многу повеќе од само средство за чистење. Почетната верзија е бесплатна, додека за Pro треба да платите од 2,99 до 6,99 долари.

SD Maid е едноставна апликација која ги нуди сите опции што некогаш ќе ви бидат потребни за почетниот екран. Првата функција се нарекува CorpseFinder и пребарува за посебни датотеки и папки оставени од избришаните апликации. SystemCleaner бара системски датотеки што SD Maid ги смета за „безопасни за бришење“.

Ако ова ви звучи добро, AppCleaner го прави истото со вашите апликации, но за тоа ќе треба да купите SD Maid Pro што исто така нуди оптимизација на базата на податоци во рамките на апликациите. Исто така, постои алатка за анализа на просторот и групно бришење на апликациите.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе