Пако Алкасер – премногу добар како замена, премногу квалитетен за да седи на клупа

Ниту еден фудбалер сезонава не постигна повеќе голови од Пако Алкасер, иако Шпанецот беше стартер на само два натпревари. И токму поради тоа тренерот Лусиен Фавр е на слатки маки – дали да продолжи да го користи Алкасер како замена или пак да го премести во првиот состав?

На крајот на минатата сезона табелата во Бундес лигата изгледаше многу поразлично. Баерн Минхен ја заврши сезоната на првото место а Јуп Хејнкес ја заврши кариерата како победник, предводејќи го шампионот до разлика од 21 бод пред второпласираниот Шалке, додека тимот на Борусија Дортмунд заврши на четвртото место и едвај се протна во Лигата на шампионите.

Почетокот на оваа сезона донесе свеж старт за Борусија Дортмунд и нова ѕвезда заблеска на стадионот Вестфален. Пако Алкасер, кој пристигна како позајмен играч од Барселона, ја започна сезоната во фантастична форма и по првите 8 натпревари веќе стигна до бројката од 10 гола. Уште поимпресивен е фактот дека од почетокот на сезоната тој одигра само 281 минута во домашното првенство, што значи дека постигнува гол секои 28 минути.

Тоа се должи на фактот што Фавр решава дека Пако Алкасер треба да ги почнува натпреварите од клупата наместо во првиот тим. Шпанецот најчесто влегува како замена и со свежината има инстантен придонес на напаѓачката моќ на неговиот тим. Медиумите го повикуваа Фавр да го направи Пако Алкасер дел од стартниот состав, но тој, како и навивачите на клубот, смета дека напаѓачот игра најдобро кога влегува од клупата. Зошто би ја менувал победничката формула?

Причината за успехот на Борусија Дортмунд во досегашниот дел од сезоната е одличниот напад -  по 13 одиграни натпревари тие имаат гол-разлика од +24. Сепак,  тоа не е предизвикано од претерано офанзивниот фудбал кој го играат фудбалерите на Дортмунд туку од високото ниво на реализација на шансите. Составот на „милионерите“ постигнува погодоци со успешност од 22% од упатените шутеви кон противничкиот гол, со што се наоѓаат далеку напред на првото место во лигата и се двојно поуспешни од актуелниот шампион Баерн Минхен (11%). Страшно добрата реализација е предизвикана од само еден играч – Пако Алкасер. Додека останатите играчи промашуваат многу почесто отколку што погодуваат, но Пако досега постигна гол со секој шут упатен во рамките на противничкиот гол. Токму така, ниеден голман во лигата не успеа да одбрани негов шут.

И понатаму се прашувате зошто Пако Алкасер не е стартер во Борусија Дортмунд? Ајде да го објасниме тоа.

Шпанецот не стартува примарно поради одлуката на Лусиен Фавр, кој одбива да го промени победничкиот состав. Додека работи оваа тактика – Фавр нема намера да преземе ништо околу тоа. Тренерот го базира неговиот систем на задржување на топката а Максимилијан Филип и Марио Геце (двајцата играчи кои стартуваат пред Алкасер) се одлични за тоа. Алкасер, од друга страна, е задолжен за постигнување голови и инстантна енергија од клупата, за што сведочат и неговите шест гола постигнати по 80-тата минута од натпреварот.

Во моментов, работите одат како подмачкани за Борусија Дортмунд, а паметен тренер како Лусиен Фавр знае дека во такви случаи нема потреба да презема непотребни чекори само за да ги задоволи медиумите, фановите или пак било кој друг. Најважно е да се победува – а Борусија Дортмунд победува и тоа е доволно добра причина Алкасер да остане на клупата. И покрај тоа што не е стартер, Пако Алкасер минатиот месец беше откупен од Барселона и сега неговиот договор е во сопственост на Борусија Дортмунд – мала награда за она што успеа да го направи досега во сезоната.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе