Палатата загрижена: 5. сезона на The Crown се фокусира на мрачниот период на Чарлс

Историската драма „The Crown“ која го прати животот на кралицата Елизабета II е едно од најпопуларните остварувања на Netflix, а по смртта на кралицата нејзината гледаност порасна за дури 800%. Новата сезона дава увид во најголемата контроверзност на семејството - крахот на бракот на Чарлс со Дијана, како и неговата афера со Камила.

Петтата сезона од популарната кралска драма под оригиналниот наслов „The Crown“ во фокус го има горчливиот брак, но и разводот на тогашните принц и принцезата од Велс, како и аферата на Чарлс со Камила, денешната допруга на кралот.

Иако некои веројатно и се прашуваат, смртта на принцезата Дијана нема да биде прикажана во оваа сезона.

Идниот монарх го глуми актерот Доминик Вест, додека Елизабет Дебики ја има улогата на покојната принцеза од Велс. Снимките од новата сезона, која ќе пристигне на 9 ноември, обожавателите за прв пат можеа да ги погледнат викендов.

Трејлерот почнува со глас на новинар кој вели: „Бакингемската палата го издава ова соопштение: 'Принцот и принцезата од Велс, нажалост, се разделуваат'“.

Во крупен кадар се прикажуваат рацете на Чарлс и Дијана, потоа лицата, додека извештај опишува „бунт во Британија откако принцот Чарлс ја разголи душата на нацијата“, но и моментите кога „принцезата од Велс го надмина во тоа“.

На снимкиите се слуша и репортер кој дешавките помеѓу кралскиот пар ги нарекува „општа војна“, додека нивниот брак се распаѓал.

URL

И самиот трејлер предизвика големо интересирање и реакција од публиката, а според пишувањата на странските медиуми се чини дека Бакингемската палата, од каде „се шири загриженост“, би можела да преземе чекори за да го заштити новиот монарх.

Имено, времето на излегување на серијата не може да биде полошо за новиот крал, чија популарност порасна откако седна на престолот, бидејќи ќе ги потсети гледачите на најмрачните години од неговиот живот, кога беше најомразениот член на кралското семејство.

Странските медиуми пренесуваат како висок извор од кралството семејство серијата ја нарекол „експлоататорска“, истакнувајќи дека Netflix „не се грижи за расипувањето на репутацијата на луѓето“, па дури ни за самиот углед на кралицата.

„Луѓето забораваат дека во центар на вниманието се вистиснки човечки суштества и вистински животи“, изјавил изворот за The Telegraph.

Исто така, споменатиот медиум наведува дека кралските соработници веруваат дека кралот и неговата сопруга ќе можат „подобро да се спротивстават“ на нивното прикажување во серијата сега кога преземаа поголеми улоги.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе