Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што има на интернет. Тогаш кажа дека се дигнала врева и се бара Вања, продолжи со сведочењето Велибор Манев на рочиштето за двојното убиство на Вања и Панче.

„Единствено преместување на телото е кога го стававме во дупката. Ја копавме околу 20 минути. За тоа време не го мрдавме телото на Вања, сè додека не го ставивме внатре. Пред да го преместиме, беше во вреќа, која ја извади и фрли во колата на Жежовски. Лопатите ги фрливме по пат, кога одевме кон Глумово, со колата на Панче. Лопатата, пред да ја фрли, Палевски ја чистеше. И рачката и металот ги прскаше со ВД-40 за да се скријат трагите. Подзастанаа и Кешишев ги фрли алатите во долот“, рече Манев.

Обвинетиот Манев и денес раскажуваше дека Палевски две недели ја следел потенцијалната жртва за грабнување, висока жена со долга коса, многу слична на Вања Ѓорчевска, освен во годините. Таа живеела во истата зграда, била ќерка на богат фармацевт и имала 40-ина години. Тој тврди дека по два неуспешни обиди, грабнале погрешна личност.

На рочиштето Манев рече и дека Палевски ја одлепил траката од устата на Вања Ѓорчевска, ја сликал со вперен пиштол, а откако ја убил, го спакувал пиштолот, заедно со трите мотороли и наредил на свој послушник да го уништи пакетот.

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска во судницата на Кривичниот суд стана и го праша Велибор Манев – „Зошто ми го убивте детето?“. На тоа доби одговор: „Не можам да одговорам, тоа треба да го прашате Љупчо Палевски“.

Во врска со тоа дали некој од нив се слушнал со родителите на Вања, бидејќи таа им ги дала нивните телефонски броеви, тој одговори дека тој лично не, а за другите не знае. Прашан и зошто не испратиле слики за откуп, рече дека тоа е прашање за Палевски.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Хроника

Полицаец си пукал во рака додека го проверувал своето лично оружје

Read more

Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак

Read more

Маж од Тетовско извршил обљуба врз малолетничка

Read more

Почината жена најдена во куќа во Струга

Read more
 

Вести

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Читај повеќе

Сончево време со температури до 19°C

Читај повеќе

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Читај повеќе

Премиерата на Магбет ќе го отвори фестивалот Шекспир и ќе го одбележи 81. роденден на Битолскиот театар

Читај повеќе

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Читај повеќе