НА ДОБРОТВОРЕН НАСТАН НА ФК ОЛИМПИК МАРСЕЈ

Памела Андерсон разочарана: Наместо за децата, собираа пари за Нотр Дам

Памела Андерсон била поканета на гала вечер во организација на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј завчеравечер, за собирање донации за сиромашните деца во Марсеј.

Андерсон, која е во врска со фудбалерот на Олимпик Марсеј Адил Рами, била разочарана кога во текот на вечерта биле издвоени 100.000 евра од прилозите за обнова на катедралата Нотр Дам што беше оштетена во пожар.

„Синоќа бевме на годишната вечера на ОМ за да помогнеме во собирањето пари за сиромашните деца во Марсеј“, објасни на Twitter актерката и активистка за правата на животните.

„Беа собрани многу пари во таа цел и потоа беше предложено ‘прекрасно’ изненадување – дел од парите да биде насочен во корист на обнова на Нотр Дам.“

На аукцијата за таа пригода била понудена и гитара на Брус Спрингстин за која биле собрани двојно повеќе пари отколку целата сума за децата.

„Бев многу лута и разочарана и го замолив Адил да си заминеме. И си заминавме“, напиша Андерсон.

„Сигурно на децата во Марсеј повеќе им требаат 100.000 евра отколку за катедралата за која веќе се собрани повеќе од милијарда евра донации од неколкумина милијардери“, заклучи популарната русокоса и додаде дека се надева дека Олимпик Марсеј ќе ги насочи парите таму каде што се најпотребни.

Од Олимпик Марсеј кажаа само дека на настанот биле собрани вкупно 439.760 евра.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе