Памела Андерсон неодамна откри дека сè уште го има култниот црвен едноделен костим за капење што го носеше во серијата Baywatch и тврди дека го носи повремено.
Актерката Памела Андерсон (55) неодамна за време на гостувањето во канадското издание на емисијата „Entertainment Tonight“ изјави дека сè уште го има препознатливиот црвен едноделен костим за капење од популарната серија Baywatch која се снимаше од крајот на 80-тите.
Иако се шпекулираше дека костимот бил украден, Андерсон појасни дека сепак има една копија.
Андерсон додаде дека овој костим за капење повремено го носи и раскажа анегдота кога на една забава ненадејно се појавила во овој костим за капење пред пријателите.
Инаку, оваа холивудска ѕвезда неодамна го објави својот документарен филм „Pamela, A Love Story“, кој беше објавен на Netflix. Таа ја прослави премиерата во црвен фустан кој потсетува на нејзиниот познат костим за капење. Покрај документарецот, актерката ја објави и книгата мемоари Love, Pamela: Memoir of Prose, Poetry, and Truth.