Кинескиот пливач Пан Чанл' на Олимписките игри во Париз го собори светскиот рекорд на 100 метри слободно.

19-годишниот Пан во финалето ја растури конкуренцијата, исплива неверојатна трка која ја заврши со време од 46,40 секунди, дури 40 стотинки побрзо од сопствениот рекорд поставен пред 5 месеци на Светското првенство во Доха, Катар.
По трката, Пан удри по колегите од Австралија и САД. Рече дека не покажале почит кон него и неговиот тренер.
„Ова е одмазда за срамот кој го доживеавме. На првиот ден од штафетата 4х100 метри јас му честитав на Чалмерс, но тој ме игнорираше, исто така и Американецот Алекси. Кога трениравме, нашиот тренер стоеше, а тие пливаа и го прскаа со вода, со презир гледаа кон нас“, рече новиот олимписки шампион.
Резултатите на останатите ја покажуваат доминацијата на Пан во трката, второпласираниот Кајл Чалмерс (26) од Австралија задоцни за повеќе од 1 секунда (47,48). Бронзата ја освои Романецот Давид Попович (20), кој ден претходно стана олимписки шампион на двојно подолгата патека.
Пан Чанл' стана првиот Кинез што освоил олимписко злато во оваа пливачка дисциплина.
Pan Zhanle just became the first Chinese swimmer to win gold in the 100 meters freestyle along with setting a new world record (46.40).
— Orikron 🇵🇹 (@orikron) July 31, 2024
The Chinese commentators were quite excited! pic.twitter.com/7zP7MIrjx5