Панчев промовиран во нов спортски директор на Вардар

Дарко Панчев, легендата на Вардар и македонскиот фудбал, се врати во „црвено-црното“ семејство, во иднина тој ќе ја извршува функцијата спортски директор. Панчев, богатата спортска кариера ја започна во Вардар, тој трет пат се враќа во клубот како спортски директор.

Најдобриот македонски фудбалер на 20 век, европски и светски првак со белградска Црвена звезда, Дарко Панчев, денеска ја имаше својата промоција во клубот. Панчев ќе биде спортски директор, функција која беше испразнета подолго време, односно од моментот кога Гоце Седлоски стана шеф на стручниот штаб.

„Не би сакал да зборувам за тоа што ФК Вардар претставува во мојот живот. Тука започнав, тука пораснав. Возбуден сум што е и нормално бидејќи сум на помошното игралиште каде што почнав да играм“, рече на почетокот на прес-конференцијата Панчев.

„Раководството на Вардар и сопственикот Сергеј Самсоненко во вистински момент најдоа начин да разговараме. Разговорите и понудата беа коректни и ова што денес се случува е резултат на сето тоа. Во изминатите две недели имав можност да се запознам со работите и мора да кажам дека во клубот се создадени услови, клубот да се издигне на едно повисоко ниво. Стратегијата која е зацртана со некои мои идеи, претставува основа да бидат остварени желбите на раководството, навивачите, јавноста“, рече Панчев, кој побара уште малку време за дополнително да се запознае со состојбите во клубот.

Во описот на работното место, покрај грижата за првиот тим, Панчев ќе има увид и за се она што се работи и во вардаровата Академија.

„Со Самсоненко се согласивме дека сите заедно ќе треба да се насочиме и кон работата на младинската школа. Сметаме дека со условите кои ги имаме, Вардар мора да биде расадник на врвни играчи, кои треба да претставуваат иднина на клубот“.

Приоритет на новиот спортски директор ќе биде Вардар да ги подобри резултатите на меѓународен план, бидејќи како што рече „на домашен план на тимот му оди добро“.

„Планирам да седнам и да разговарам со шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски, да го слушнам неговото мислење за квалитетот на екипата, дали му треба некое засилување, дали евентуално „снимил“ некој фудбалер кој би бил потенцијално засилување“, дополни Панчев.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе