Фудбал

Панчев: Против Косово сме фаворити, пораз би било неуспех

18. декември 2019 - 19:39 | Ф.З.

Најдобриот македонски фудбалер за минатиот век кажа како гледа на претстојниот бараж дуел со Косово и шансите на Македонија за прв историски пласман на ЕУРО.

Дарко Панчев во интервју за AlJazeera Balkans одговараше на многу прашања поврзани со фудбалот на просторите на поранешна Југославија, а неизбежно беше да проговори и за претстојниот бараж преку кој Македонија ќе брка пласман на ЕУРО 2020.

Што мислите за шансите на Македонија за првпат да се пласира на ЕУРО?

„Сигурно дека шансите се големи, но не треба да потцениме ниту еден противник. Со оглед на тоа што нашиот селектор Игор Ангеловски вели дека ова е најдобрата генерација во историјата на македонскиот фудбал, тогаш би требало без проблем да се пласираме на Европското првенство“.

Дали вашата репрезентација е фаворит дома против Косово во полуфиналето од баражот?

„Секако дека е фаворит, особено со оглед на тоа што играме дома. Ако не успееме да победиме на тој натпревар, тоа ќе биде голем неуспех“.

Дали е реален пласманот на Македонија на третото место во квалификациската група Г зад Полска и Австрија, а пред Словенија, Израел и Латвија?

„Групата беше релативно неатрактивна, но не беше ни посебно тешка. Иначе, завршивме трети, а Словенија четврта со ист број на бодови (14). Во нашите медиуми третото место е прогласено како историски успех, додека словенечката спортска јавност пласманот на четвртото место со ист број на бодови го оцени како неуспех. Значи, сѐ е ствар на перцепција и колку верувате дека вредите“.

Коментирај