Панчев: Со Вардар се случуваше нешто чудно, исчезнаа парите од УЕФА

Македонскиот најдобар играч за минатиот век, Дарко Панчев, проговори за неговото време поминато во Вардар и причините поради кои си заминал.

Панчев во април 2017 стана спортски директор на Вардар, а година дена подоцна си замина од клубот.

„Со Вардар се случуваше нешто чудно. Илија Најдоски и јас дојдовме за да го подобриме квалитетот на составот за да стане поконкурентен во Европа. Многу брзо успеавме во тоа и направивме големо изненадување кога го елиминиравме Фенербахче. Клубот заработи доста пари од настапот во групната фаза во Лига Европа. Очекувавме луѓето кои го водат клубот да ги инвестираат тие пари во ангажман на уште подобри играчи за Вардар да стане уште посилен и поконкурентен. За жал, се случи спротивното, во следните година дена да нема воопшто пари, да им се должи на сите, некои играчи си заминаа и не беа донесени соодвени замени па резултатите беа катастрофални“, рече тој во интервју за хрватскиот Večernji list.

Вардар зема доволно пари од УЕФА со историскиот настап во групната фаза од Лигата на шампиони, но тие средства потоа не беа инвестирани во клубот. Барем не со видливи резултати.

„Најдоски и јас видовме дека нема ништо од она што беше договорено на почетокот и затоа полека почнавме да се повлекуваме и повеќе не сме дел од Вардар. Зошто се случи така, можат да објаснат само луѓето кои го водат клубот“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе