Македонија

Панчевски суспендиран, за Вангеловски одложено разрешувањето

17. јули 2019 - 18:37 | МИА

Скопје, 17 јули 2019 (МИА) – Поранешниот судија на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој е обвинет за местење судски предмети, денеска е суспендиран од Судскиот совет на Република Северна Македонија. Советот не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Како што е наведено во соопштението објавено  на веб – страницата на Судскиот совет, на денешната седница е донесена одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија, а  одлучувано и за одложување на расправа по барање на член на Судскиот совет на РСМ, во врска со извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

Советот утврдил престанок на судиската функција на Ленка Соколовска, судија на Основен суд Куманово поради исполнување на услови за старосна пензија, а констатиран е престанок на функцијата судија-поротник на Основниот кривичен суд – Скопје на Стојанка Стојановска од Скопје, исто така поради исполнување на услови за старосна пензија.

Коментирај