Панчевски во притвор во Шутка, доброволно се пријавил

Скопје, 15 јули 2020 (МИА) – Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје Владимир Панчевски, од денеска напладне се наоѓа во КПУ Затвор Скопје познат како Шутка, потврди за МИА директорот на затворот Есад Рахиќ.

Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан, му била измерена температура, и откако е утврдено дека нема никакви симптоми на COVID-19 е примен во притворското одделение.

Скопската полиција претходно во три наврати не успеа да го пронајде обвинетиот на неговата адреса, кому му беше одреден притор од Судот во Велес.

Панчевски е обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, а против него, како што соопшти вчера министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, била распишана потерница.

Судот во Велес во петокот му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, заради неприсуство на рочиштето за предметот АКМИС. На рочиштето не бил прусутен ниту неговиот бранител.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе