Пандемијата ја намали продажбата на нови возила во земјава за 33 проценти

Скопје,  6 март 2021 (МИА) – Пандемијата на COVID-19, која негативно влијаеше врз работата на повеќе сектори, се одрази и врз автомобилската индустрија.

Увозниците на нови возила поради намалената побарувачка беа принудени да се прилагодат на новите околности што ги наметна пандемијата и да го намалат увозот на возила.

Од Групацијата на увозници на нови возила при Сојузот на стопански комори во изјава за МИА велат дека забележале пад во продажбата од 33 проценти лани во однос на 2019 година.

– Причините за ваквата состојба се базираат врз економската криза односно намалената потрошувачка. Граѓаните поради состојбите во економијата се воздржуваат од потрошувачка на акцизни стоки, а воедно и претпријатијата поради намалената деловна активности и намалените приходи, се воздржуваат од нови инвестиции, велат од Групацијата.

Со заздравувањето на економијата и излезот од економската криза што ја предизвика пандемијата, очекуваат следниот период да се преземат мерки со кои ќе се стимулира купувањето на нови возила, особено на оние на електричен погон.

– Некои мерки Владата веќе ги најави, чија реализација очекуваме што поскоро да отпочне, истакнуваат од Групацијата на импортери на нови возила во изјавата дадена за МИА.

И податоците од Царинската управа покажуваат дека минатата година се увезени помалку нови автомобили отколку во 2019 година.  Според овие податоци, лани во земјава увезени се вкупно 5172 нови возила што е за околу 1000 возила помалку во споредба со 2019 година кога во земјава влегле 6341 ново возило.

Анализирајќи ги податоците на Царинската управа може да се забележи дека од февруари лани, кога беше детектиран првиот случај на корона вирусот кај нас, постепено секој месец се намалува бројот на увезени нови возила. Така, од 570 нови возила во февруари, веќе во декември бројот е намален на 505 возила, а во јануари годинава на 364. Во декември лани се увезени за 264 возила помалку во однос на истиот месец во 2019 година.

Пандемијата беше причина и за пад на вкупната продажба на пазарот на автомобили во Европската Унија. Лани, вкупната продажба паднала за 23,7 отсто во однос на 2019 година.

Според податоците за 2020 година на Европското здружение на производители на автомобили, падот на продажбата на автомобили во Хрватска изнесувал 42,8 отсто, во Белгија 36,8 отсто, во Португалија 35, Шпанија 32,3 отсто, Естонија 29,5, Грција 29, Италија 27,9, Франција 25,5, Австрија 24,5, Белгија 21,5, Холандија 19,5 и Германија 19,1 отсто.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе