Пандев и Омерагиќ остварија средба со селекторот Милевски

Филип Здравески
/ 24.12.2024 / 16:41

Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, и спортскиот директор на национални селекции, Горан Пандев, одржаа состанок во Куќа на фудбалот со селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски.

Oтворено и конструктивно разговараа за сите актуелни настани и важни теми поврзани со најдобрата македонска репрезентација, но и за други аспекти од соработката што допрва започнува меѓу Горан Пандев како спортски директор на националните селекции и селекторот на репрезентацијата.

„Имавме отворен и пред сѐ искрен разговор. Претседателот на Федерацијата ја повтори искажаната поддршка за работата на македонската репрезентација. Со Горан се согласивме дека репрезентацијата секогаш треба да биде над сите нас. Тоа е национален интерес и секогаш ќе биде во прв план. Сите треба да се ставиме во функција на тоа и на Македонија. Се надевам дека ќе имаме добра соработка во интерес на тимот, но и на сите кои ја поддржуваат македонската репрезентација“, ФФМ ја пренесува изјавата на селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски.

„Драго ми е што отворено разговаравме за тоа што може да биде подобро во иднина и дека заедно ќе се стремиме да одиме напред кон нови победи“, изјави Горан Пандев.

„Заедно со претседателот Омерагиќ ни беше важно да разговараме отворено со селекторот за сите теми и му благодарам што го сфати она што го сметаме за правилно, а тоа е дека како мала држава мораме да се потпреме на сите расположливи сили и фудбалерите кои имаат квалитет мора да помогнат и со настапи во репрезентацијата. Секако, доколку тоа го заслужуваат. Верувам дека ги решивме сите такви прашања и се радувам на новите предизвици“, додаде Пандев.

реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Фудбал

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Read more

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Read more

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Read more

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Читај повеќе

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Читај повеќе

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Читај повеќе

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе